Фуркад: Бјо може да ми биде конкуренција

0

Француската ѕвезда во бијатлон, Мартен Фуркад, кој победи во првата сезонска трка во Јостерсунд (Шведска), му оддаде почит на младиот норвешки ривал, Јоханес Бјо, кој заврши на второто место со минимално заостанување од 29 секунди.

„Ако некој можеше да ме победи денеска, тоа несомнено беше само еден бијатлонист а неговото име Јоханес Бјо. Иако вели дека е уште е млад за да ми биде предизвик,  не го потценувам“ вели Фуркад.

„Тренира со образувани тренер како што е мојот поранешен ментор, Зигфрид Мазе, што ме тера да бидам многу внимателен. Тој е многу голем тренер “, искоментира Фуркад.

Share.

Leave A Reply