Фуркад се враќа на патеките

0

Петкратниот олимписки шампион во Бијатлон, Мартен Фуркад, ќе учествува во мешаната штафета на Франција (2 по 6 километри жени и 2 по 7,5 километри мажи), со која на 7 март ќе стартува Светското првенство во Остерсунд (Шведска).

За него тоа ќе биде првиот официјален настап од крајот на јануари откако ја надмина болеста. Заедно со Фуркад во штафетата на Франција ќе бидат Симон Дестро, Жули Симон и Ана Шевалие. Од списокот отпадна Ана Бескон која нема да патува за Скандинавија.

Олимписката шампионка во мешани штафети која има и две бронзени медали од Игрите во Пјон Чанг, се сочува со вирус и најверојатно ќе го пропушти собирот во Шведска.

Share.

Leave A Reply