Футсалци добија противници по мерка

0

Македонската футсал репрезентација денес ги доби противниците за претквалификациите за Европското првенство во Холандија во јануари 2022 година.

Нашата репрезентација ќе игра во група со три репрезентации, а ќе бидат и домаќини на групата. Противници ќе ни бидат репрезентациите на Норвешка и Велс кои заедно со Македонија се дел од групата И, а Фудбалската федерација на Македонија ќе го организира претквалификациониот турнир кој ќе се одигра во периодот од 29 јануари до 1 февруари 2020 година. Само првопласираната репрезентација ќе обезбеди место во главните квалификации.

Сега останува отворено прашање кој ќе ја предводи нашата селекција на овие натпревари затоа што сегашниот селектор Иван Божовиќ по неуспехот во квалификациите за СП најави дека веќе нема да ја води нашата футсал репрезентација.

Share.

Leave A Reply