Ракометарот на ППД Загреб, Aнте Гаџа, ги демантираше челниците на тимот дека ќе остен во Хрватска. Тој потврди дека има договр со Вардар и дека ќе дојде во Скопје.
„По заминувањето на Сташ Скубе, Вардар барал некој на моја позиција. Му се јавиле на мојот менаџер кој ме праша дали сакам да одам таму, му реков: Секако! Му реков дека сакам да одам бидејќи Вардар е европски шампион и тоа е уште еден чекор напред во мојата кариера.“ – изјавил Гаџа.
„Се надевам дека Вардар ќе биде оној стариот. Многу од играчите останаа и ги продолжија договорите. Се надевам дека ќе биде успешна сезоната и дека ќе ги исполниме целите“ – потенцирал Гаџа.