Гаџа и Векиќ се сликаа во дресот на Вардар

0

Ракометниот состав на Вардар по пат на социјалните мрежи откри детали за договорите на двете засилувања кои доѓаат од Хрватска од тимот на Загреб.

Станува збор за Анте Гаџа кој во претходната сезона постигна 40 голови во Лигата на шампионите и за младиот, Јосип Векиќ, кој е голема надеж на европскиот ракомет.

„Во новата сезона средниот бек Анте Гаџа и десниот бек Јосип Векиќ ќе бидат дел од тимот на Вардар 1961. Гаџа потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“ а Векиќ ќе остане во Скопје до 2024 година“ стои во објавата на нашиот шампион на „Фејсбук“.

 

Share.

Leave A Reply