Граџан: ќе се вратиме во ритам

0

Кружниот напаѓач на ракометниот состав Еурофрам Пелистер, Елмир Граџан, по вчерашниот пораз на теренот на Татран Прешов, во СЕХА лигата, вели дека екипата ќе се обиде да се врати во добар ритам.

„Натпреварот беше навистина добар, мислам дека и ние бевме добар противник од самиот почеток. Имавме тежок пат, многу натпревари и овој пораз е последица на сите тие фактори.Мислам дека игравме наша игра, наш систем и се враќаме на вистинскиот пат“ – рече Граџан.

Битолчани најверојатно во групата „Б“ ќе бидат втори што значи дека имаат реални шанси да се сретнат со Мешков Брест во четвртфиналната пресметка.

 

Share.

Leave A Reply