Германецот Карл Гајгер е победник на првата од четирите Новогодишни скокалници. Гајгер имаше најдобар резултат на скокалницата во родниот Оберсдорф и со тоа направи одличен кам-бек откако паузираше поради позитивен КОВИД-19 тест.
Светскиот шампион скокна 127 метри по првата рунда, а вториот скок му беше 136,5 метри со што освои вкупно 291,1 поен. Второто место му припадна на полскиот скокач Камил Стох со скокови од 125 метри и 132,5 метри за 288,3 поени.
Трет е Мариус Линдвик со скокови од 126,5 метри и 135,5 метри и вкупно 285,2 поени.