Легендата на кошаркарскиот состав Бостон, Кевин Гарнет, жали што дури во 2007 година му се приклучи на Пол Пирс во редовите на „Селтикс“.
„Ако можам да го вратам времето и да променам нешто, порано ќе ја напуштев Минесота. Требаше претходно да потпишам за Бостон. Можеби во таква ситуација би имал еден или два прстена повеќе“ – изјави Гарнет кој неодамна влезе во – „куќата на славните“.
Ќе потсетиме дека Гарнет влезе во НБА преку Минесота во 1995 година. Потоа го носеше дресот на Бостон и Бруклин а кариерата ја заврши во Минесота во 2016 година.