Двократниот шампион во кошаркарската НБА лига, Пол Гасол, имаше ласкави зборови за младиот репрезентативец на Словенија, Лука Дончич, кој треба да дебитира во најсилната лига на светот.
„Дончич? Мислам ќе биде ѕвезда. Тој се докажа во Евролигата а мислам дека тоа ќе го направи и во НБА. Тој е предодреден да биде ѕвезда и да има една забележителна кошаркарска кариера“ – искоментира Гасол во интервјути дадено за – „Spanish radio Onda Cero“.
38-годишниот Гасол играше против Дончич во полу-финалето на ЕП во 2017 кога неговата Шпанија загуби од Словенија а Дончич постигна 11, кошеви, имаше 12 скокови и 8 асистенции.