Гасол е блиску до ангажман во Барселона

0

Поголем дел од европските медиуми најавија дека легендарниот кошаркар, Пол Гасол, има голема желба да ја заврши кариерата во шпанскиот гигант, Барселона.

40-годишниот ветеран кој два пати во дресот на Лос Анџелес Лејкерс го освои шампионскиот прстен во НБА лигата, во еден период од кариерата ги бранеше и боите на: Милвоки, Сан Антонио, Чикаго и Мемфис.

Гасол во 1998 година се наметна во професионалната кошарка како член на Барса а само две сезони подоцна успеа да замине преку „големата бара“.

 

 

Share.

Leave A Reply