Стратегот на клупата на Аталанта, Жан Пјер Гасперини, вели дека е задоволен од играта на неговите фудбалери на вчерашното дерби со Интер иако екипата од Бергамо остана со празни раце. Интер упати само еден прецизен шут и победи со 1-0.
„Уште 100 пати да играме против Интер, сакам да го видам тоа што го покажавме“ – потенцираше Гасперини.
„Одигравме добро и во двете полувремиња. Загубивме поради наше невнимание по корнер. Само еден момент го реши победникот“ – изјави тренерот на Аталанта.