Тренерот на Милан Џенаро Гатузо беше исклучително разочаран од нерешениот резултат 2:2 против Аталанта на домашен терен , а одигран во рамките на 5.коло од Серија „А“.
„Росонерите” испуштија победата во дополнителното време, кога гостите од Бергамо израмнија на 2:2.
„Јас сум многу вознемирен и разочаран. Ние сме тим со две лица. Игравме исклучително добро во првата половина од средбата, а во последните 30 минути ние само се браневме. Свесен сум дека не можеме да бидеме активни во сите 90 минути од натпреварот. Треба да се подобриме, бидејќи претстојат многу натпревари и ако не ја контролираме ситуацијата до крајот, тогаш ќе имаме големи проблеми. Треба да го задржиме високото темпо, но не и за кратки периоди. Разбирам дека тимот е млад и расте, но во последните 30 минути бевме едноставно непрепознатливи”, коментираше Гатузо по натпреварот.