Гатузо не е загрижен за иднината

0

Тренерот на фудбалерите на Наполи, Џенаро Гатузо,  на денешната средба со новинарите пред мечот со Торино во Серија „А“, проговори за неговата иднина во клубот.

„Имам договор до крајот на 2021 година со опција да заминам по 30 април. Сепак, во моментов нема проблеми со мојот договор. Дојдов тука да ги постигнам нашите цели. Јас разговарам со претседателот 3-4 пати на ден“ – вели Гатузо.

„Сакам да тренирам луѓе кои сакаат да дојдат тука. Наидов на многу професионализам. Одбив две понуди бидејќи сакав да тренирам клуб кој настапува во Лигата на шампионите“ – потенцираше тренерот на Наполи.

Share.

Leave A Reply