Клубовите основачи на Суперлигата очекуваат да имаат огромни приходи од учеството во новоформираното натпреварување. Тие најавија дека секој од нив ќе добие по 350 милиони евра при формирањето на натпреварувањето и дека нивните очекувања се дека тоа ќе им гарантира приходи од 10 милијарди евра годишно.
„Газета дело Спорт“ направи студија која покажува дека Милан, Интер, Јувентус, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Челзи, Тотенхем, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Ливерпул имаат голема потреба од огромни приходи, а сето тоа е врз база на нивните вкупни долгови кои изнесуваат 7,7 милијарди евра. Најголема е онаа на Челзи, а најмала е таа на Арсенал. Дури три клуба – Челзи, Тотенхем и Барселона имаат над 1 милијарда евра долг, а оние на Реал Мадрид исто така се приближуваат до границата од 1 милијарда..
Долгови на 12-те основачи на Суперлигата (во евра):
Челзи: 1,51 милијарди
Тотенхем: 1,28 милијарди
Барселона: 1,17 милијарди
Реал Мадрид: 901 милиони
Интер: 630 милиони
Манчестер Јунајтед: 529 милиони
Атлетико Мадрид: 494 милиони
Јувентус: 458 милиони
Ливерпул: 272 милиони
Манчестер Сити: 200 милиони
Милан: 152 милиони
Арсенал: 125 милиони