„Гази Баба Куп 2017“ може да почне, се е подготвено !

0

Од 28 до 30 Август во Скопје ќе се одртжи новото издание на фудбалскиот турнир „Гази Баба Куп 2017“. Околу 1800 млади од генерациите 2007, 2006, 2005 и 2003 ќе играат фудбал во рамките на овој турнир „Гази Баба Куп 2017“. Целта на овој фудбалски настан е да се промовираат спортски вредности и да се поттикнат децата од најмала возраст преку забава и дружење да се вклучат во спортот и здравиот начин на живеење.

Во „Гази Баба Куп 2017“ ќе настапуваат  96 екипи од Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска и Унгарија. За настап на овој турнир веќе се пријавени Вардар, Работнички, Пелистер, Академија Пандев, Црвена Ѕвезда, Ујпеш, Хајдук, Марибор, Лудогорец, Черноморец и многу други. Децата ќе играат на 2 фудбалски терени во Комплекс „Петар Милошевски“ во Аеродром, фудбалскиот терен на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари и на фудбалскиот терен на ФК „Вардар“ во Хиподром.

„Гази Баба Куп 2017“ е во организација на Здружението „Спорт Јуниор“, под покровителство на Општина Гази Баба, во коорганизација со Општински фудбалски сојуз Гази Баба, а е поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за Млади и Спорт и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.

Share.

Leave A Reply