Дефанзивац Теодор Гебре Селасие го продолжи својот договор со Вердер Бремен, потврди тимот од Бундеслигата.
32-годишниот чешки репрезентативец игра во Бремен изминатите седум сезони. Тој претходно го носеше дресот на Слован Либерец и веќе има одиграно повеќе од 200 натпревари во германското првенство. Тековниот договор на Гебре Селасие истекуваше во летото 2020 година.
„Отсекогаш сум сакал да продолжам да играм за Вердер Бремен. Јас сум многу среќен со одлуката што е веќе донесена“, рече фудбалерот на официјалната веб-страница на Вердер. Сè уште не е познато колку ќе трае договорот на дефанзивецот.