Францускиот фудбалер Матео Гендузи е заразен со коронавирус, потврди германскиот бундеслигаш, Херта.
„Матео доби позитивен резултат на тестовите за коронавирус по враќањето од репрезентативната пауза. Тој не чувствува никакви симптоми, но следните 10 дена ќе ги помине во самоизолација “, се вели во соопштението на берлинскиот тим.
Се додава дека 21-годишникот не бил во контакт со ниту еден играч на Херта или член на стручниот штаб.