Георгиевски: „Бахреин може да биде незгоден, многу се агресивни“

0

Крилниот играч на нашата репрезентација Гоце Георгиевски смета дека Бахреин е селекција која игра многу поагресивно од Јапонија и имаат различен тип на ракомет.

„Мислам дека утрешниот натпревар ќе биде многу поразличен од оној со Јапонија. Бахреин е непознаница за нас, никогаш не сме играле против нив. Ова е СП и нема лесни противници, сите играат ракомет. Ако не влеземе максимално, ќе имаме проблеми со секој противник, без разлика дали се вика Бахреин, Чиле или некој друг. За разлика од Јапонија , селекцијата на Бахреин игра со многу поголема агресивност и тоа може да ни биде проблем во нападот“ изјави Георгиевски.

Макеоднија својот втор натпревар на ова СП го игра утре во 14 часот против селекцијата на Бахреин , во „Олимпиахале“ во Минхен.

Share.

Leave A Reply