Во пресрет на мечот Вардар – Војводина во рамките на СЕХА лигата, кој се игра утре во Скопје, свој коментар и очекувања даде и крилото на „црвено-црните“, Гоце Георгиевски:
„Малку сме редуцирани поради обврските на репрезентативците, затоа ни е потешко да ја составиме екипата, но важно е дека сите сме здрави нема повредени играчи. Ќе чекаме да ни се приклучат и останатите играчи кои имаа обврски кон репрезентациите. Ќе бидеме доволно подготвени за Војводина, станува збор добар и квалитетен противник, тие одиграа еден меч пред Нова Година, имаат квалитетни играчи. Ако го одиграме она што ќе го договориме на тренинзите и видео-анализите би требало да извојуваме победа која треба да биде увертира пред преколното темпо во фервруари во ЛШ, особено пред Порто“.