Георгиевски: Следна цел е медал на СП

0

Најдобриот македонски таеквондо борец, Дејан Георгиевски, кој го освои историскиот медал на едно европско првенство денеска имаше прием во Агенцијата за млади и спорт.

„Моите очекувања беа злато од европското во Софија, но повредета ме спречи во тоа. Останува желбата за побрзо санирање на истата и враќање на терените уште на престижниот Г-1 турнир на почетокот на јуни годинава, и секако настап од кој најмногу очекувам е светското првенство во Јужна Кореа, во втората половина на јуни“, истакна Георгиевски пред новинарите.

Директорот на АМС, Марјан Спасески, му честиташе на Георгиевски за успехот.

„Агенцијата за млади и спорт во континуитет ја поддржува таеквондо федерацијата на Македонија на која само по првата распределба од сретствата од игри на среќа доби 1.80. 000 денари за меѓународни натпревари, соработка, стручно усовршување и унапредување и 50.000 денари за проектот “Таеквондо за сите”. Честитки за Дејан за неговиот спортски дух и одличниот бронзен медал остварен во нетипични услови, но и до целокупниот Македонски тим на чело со селекторот Костовски“, истакна Спасески.

Share.

Leave A Reply