Германците ја „прелетаа“ Кореја на стартот на Мундијалот

0

Еден од ко-организаторите на 26. СП во ракомет, Германија, убедливо славеше на стартот на ракометниот мундијал. Во премиерниот меч на првенството, „панцирите“ ја прегазија обединетата Кореја со 30:19.

Корејците кои на овој Мундијал дојдоа како дебитанти и за првпат во историјата играа под исто знаме и Северна и Јужна Кореја, беа прелесен залак за моќниот домашен состав.

Предводени од најефикасниот на денешниот меч, Уве Генсхајмер кој средната ја заврши со 7 гола, Германците ги прокнижија првите три бода на средбата. Одлични беа и Пекелер, Фат и Колбахер кои постигнаа по 4 гола.

Share.

Leave A Reply