Германците планираат да има публика

0

Организаторите на натпреварот во Оберсдорф планираат да продадат 2.500 билети додека другите тројца домаќини на традиционалната новогодишна турнеја – „четири скокалници“ процениле дека во моментов нема простор да се дозволи присуство на гледачи поради пандемијата со ковид-19.

Во денешното соопштение, организаторите на настанот во Гармиш-Партенкирхен кој е предвиден за 1 јануари, велат дека немаат намера да продаваат билети барем до декември. Во исто време, луѓето од Инсбрук и Бишофсхофен исто така најавија дека ќе почекаат.

За разлика од нив, организаторите во Оберстдорф за настанот предвиден на 29 декември планираат од наредниот месец да пуштат во продажба 2.500 билети

Share.

Leave A Reply