Возачот на Рено во Формула 1, Нико Хулкенберг, откри дека во 2014 година бил многу блиску да потпише договор со Ферари.
Тој објасни дека неговото добро возење во Заубер ги натерало луѓето од Ферари да го имаат во видното поле. Згора на тоа во тој период Фелипе Маса го напушти тимот на Ферари со што се отвори простор за ангажирање на нов возач.
„Никогаш не можеш да знаеш точно како ќе функционираат работите. Можеби дел од одлуките не зависат само од тебе. Дефинитивно имаше разговори и можност да ја променам средината, но, тоа не се случи“ – изјави Хулкенберг.