Германецот лут на АТП: Како може Федерер да е пред мене на листата?

0

Германскиот тенисер Александар Зверев изрази незадоволство од рангирањето на АТП листата.

Зверев смета дека системот на „заштитено пласирање“ е неправеден и праша како Роџер Федерер може да биде пред него на АТП-листата ако не играл меѓ една година, за разлика од Германецот кој е постојано на врвот.

Германецот моментално е седми во светот со 5.635 поени, веднаш зад Федерер кој има 6.375.

Медведев е официјално втор на АТП-листата, а Ѓоковиќ ја почна 312-тата недела на врвот.

„Јас сум најголемиот обожавател на Роџер Федерер, но тој не играше тенис една година и повторно е рангиран подобро од мене. Играв во финале на Грен Слем, финале на Мастерсот … Овој систем е катастрофален”, рече Зверев.

Share.

Leave A Reply