Борис Бекер кој се вбројува меѓу легендите во тенисот, проценува дека Роџер Федерер не може да се гледа како најдобар во историјата. Според него, повеќе играчи оставиле посебен печат на тениските терени и затоа е многу тешко да се одреди кој е најдобар.
„Роџер според бројките е најуспешен во историјата. Можеби и Род Лејвер е најдобар. Освоил помалку титули но, неговата кариера беше пократка од таа на Роџер“ – вели Бекер.
Германскиот тенисер кој освои шест грен-слем трофеи, неколку години беше дел од тренерскиот штаб на Новак Ѓоковиќ.