Германецот останува кај „црвените“

0

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, денеска ја продолжи соработката со англискиот елитен состав, објавија медиумите на Островот. Германецот кој по подолг период успеа да ја донесе титула од Лигата на шампионите на стадионот – „Енфилд“ , се реши да ја прифати понудата и да ја продолжи верноста до 2024 година.

„Со ваква организација и поддршка од трибините не можам да помислам на заминување. Не постои подобро место на светот од „Енфилд“. Клубот се развива од ден на ден и затоа решивме да постигнеме нов договор“ – изјави Клоп.

Неговиот клуб во тековнава сезона во  Премиер лигата има ефект од 15 победи и едно реми додека во Лигата на шампионите ја помина групната фаза.

 

Share.

Leave A Reply