Германецот влезе во историјата на ЛШ

0

Феликс Брих, стана судија со најмногу натпревари во Лигата на фудбалските шампиони. Елитниот арбитар синоќа го водеше мечот Наполи – Барселона (1:1) со што по 57-ми пат беше дел од најпрестижниот турнир во Европа. Со тој ефект го надмина  Данецот, Ким Милтон Нилсен. Дебито на Брих на турнирот беше на натпревар меѓу Ливерпул – ПСВ Ајндховен.

„Фудбалот во 2020 година е многу побрз и посилен отколку што беше во 2008 година. Тоа значи дека ние, судиите, треба да бидеме уште поподготвени“ – рече Брих за „Зедунг Цајтунг“.

Натпреварот Наполи – Барселона, може да биде последен за 44-годишниот Германец бидејќи поради неговата возраст тој има право да биде активен уште во тековнава сезона во ЛШ.

Share.

Leave A Reply