Репрезентацијата на Германија уште еднаш го покажа својот карактер и дека играат до последниот знак за крај на судијата на секој фудбалски натпревар. Германија дојде до победа против Шведска благодарение на гол постигнат во последната (5-та) минута од судиското надополнување.
Шведска дојде до водство во првото полувреме со голот на Тоивонен во 32.минута, а во вториот дел Германија како што се очекуваше тргна со сите сили за да дојде до позитивен резултат. Најнапред во 48.мминута со голот на Марко Ројс успеаа да израмнат, а во 82.минута останаа со играч помалку поради вториот жолт картон на Боатен.
Сепак тоа не ги откажа упорните фудбалери на Германија кои успеаа да дојдат до победа со голот на Тони Крос од слободен удар во 95.минута.