Германката Далмаер освои и второ злато на ЗОИ 2018

0

Германката Лаура Далмаер е новата олимписка шампионка во биатлон на 10 километри, пурсуит. По победата пред два дена на биатлонската трка на 7,5 километри, спринт, Далмаер денеска по исклучително студено време на крајот финишираше на првото место со време од 30:35.3 минути и со сериозна предност на втората пзоиција ја остави Анастасија Кузмина од Словачка (31:04.7).

Бронзениот медал оди за Франција кај Анаи Бесонд, која имаше само две стотинки послабо време од Кузмина и мораше да се задоволи со третото место.

Денеска на ЗОИ има уште една финална дисциплина во биатлон, но овој пат во машка конкуренција на 12,5 километри, пурсуит.

Share.

Leave A Reply