Германија има минимални шанси да ја задржи својата позиција во Ф1 календарот со трката на патеката во Хоканхајм. Еден од директорите на патеката, Јорн Тезке, не верува дека Германското ГП ќе остане во календарот.
„Под нормални околности, Зандворн и Виетнам мора да бидат подготвени на време, така што нашите шанси се минимални, секако тоа не е наша одлука, но единствениот излез е договор за неколку години”, рече тој.