Гетлин: Болт ќе се врати на патеката откако ќе се одмори 1-2 години

0

Светскиот шампион на 100 метри од годинашниот собир во Лондон, Џастин Гетлин, вели дека светскиот рекордер во спринт, Усаин Болт, може да се врати на патеката за Олимписките игри во Токио во 2020-та.

Носителот на осум олимписки титули и светски рекордер на 100 и 200 метри и со штафетата на 4 по 100 метри, ја прекина кариерата откако заврши како трет на 100 метри и се повреди во финалето на 4 по 100 м на СП во Лондон.

„Ако му се допаѓа спортот, ќе му биде тешко да се држи настрана од атлетиката.Мислам дека ја сака патеката … многу. Тој сака да биде на стартната линија. Мислам дека тоа ќе се случи во 2020 година “, рече Гетлин.

 

Share.

Leave A Reply