Дуел на европските гиганти Барселона и Манчестер Јунајтед ќе го одбележи четврфиналето на Лигата на шампионите. На денешната ждрепка во Нион, најдобро рангираниот тим на УЕФА листата, Барселона за противник го доби Манчестер Ј. кој успеа да направи големо изненадување со елиминацијата на ПСЖ во осминафиналната рунда.
Жестока англиска пресметка ќе има меѓу Тотенхем и Манчестер Сити, додека екипата на Ливерпул во четврфиналето за противник го доби минатогодишниот ривал од осминафиналето, екипата на Порто.
Во последниот дуел од четврфиналето ќе се сретнат Ајакс и Јувентус. Првите средби ќе се одиграат на 9 и 10 април, додек ареваншите ќе бидат на 16 и 17 април.
Денеска со ждрепка беа одредени и двојките за полуфиналето. Таму ќе се сретнат победниците од дуелите:
ТОТЕНХЕМ / МАНЧЕСТЕР СИТИ – AЈАКС / ЈУВЕНТУС
БАРСЕЛОНА / МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – ЛИВЕРПУЛ / ПОРТО