Гигантите се „избегнаа“ во Купот на кралот

0

Реал (Мадрид) ќе треба да патува до шпанскиот енклава во Северна Африка- Мелија, за да го започна своето учество во Купот на кралот.

Ждрепката која беше одржана денес ја формираше двојката Мелија – Реал (Мадрид), откако во оваа фаза се вклучуваат клубовите од Ла Лига и Сегундо дивизион.

Бранителот на трофејот Барселона ќе игра со тим од третото ниво и тоа е Културал Леонеса, додека Атлетико (Мадрид) ќе се соочи со каталонски тим од четврта дивизија Сант Андреу. Валенсија ќе гостува на Ебро од трета лига, а Бетис се падна против некогашниот учесник во елитата Расинг Сантандер.

Тимови од пониските нивоа на фудбалот се домаќини во првите 1/16 финалини средби.Енис Барди со неговиот тим Леванте ќе гостуваат кај Луго, додека Димитриевски и Рајо Ваљекано исто така тргнуваат на гостински терен и тоа кај Леганес.

Има и четири пара со клубови од елитата. Тоа се Атлетик (Билбао) – Хуеска, Алавес- Џирона, Леганес- Рајо Ваљекано и Селта (Виго) – Реал Сосиедад.

Првите натпревари ќе се одиграат на 31 октомври и 1 ноември, а реваншите помеѓу 4 и 6 декември.

Share.

Leave A Reply