Ѓер останува без Нора Морк до крајот на сезоната

0

Голем удар за актуелните европски ракометни шампионки, откако норвешката репрезентативка Нора Морк се повреди на дуелот со Никобинк синоќа. Според информациите од Унгарија таа подолг период ќе биде надвор од ракометните терени, поради повреда на коленото.

Морк во 2012 година веќе имаше една посериозна повреда на коленото кога ги скина вкрстените лигаменти. Ако се потврди и овој пат дека станува збор за истата повреда, на норвешката репрезентативка и следува најмалку 6 месечна пауза.

Share.

Leave A Reply