Ѓоко Јосифов најново засилување за ОК Вардар

0

Членот на Македонската одбојкарска репрезентација Ѓоко Јосифов е најновото засилување за екипата на ОК Вардар.

Од клубот денес потврдија дека Јосифов ќе биде член на оваа екипа и ќе му помогне на тимот во пролетниот дел од сезоната. Јосифов заедно со повратникот Ристо Клопчески ќе формираат силна блокерска двојка на средината од мрежата.

Составот на Вардар е дополнително засилен со екс-репрезентативецот Влатко Трајчевски, кој ќе придонесе за стабилноста во редот на примачите.

Ова е една убава најава за супер-интересен втор дел од сезоната, а со тоа и поголем дел од љубители на одбојката да навиваат за Вардар и да ги следат средбите на оваа екипа на трибините во салата Градски Парк.

Share.

Leave A Reply