Ѓоковиќ беше убедлив

0

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ по петти пат го освои Мастерсот во Париз.

Во денешното финале Србинот славеше против Канаѓанецот, Денис Шаповалов со 6:3 и 6:4 со што дојде  34. трофеј од категоријата 1000 или петти во тековнава сезона. Ѓоковиќ воедно се израдува и на 77-та АТП титула во кариерата.

Ѓоковиќ без оглед на победата на собирот во Франција од утре ќе падне на второто место на АТП листата веднаш зад Шпанецот, Рафаел Надал.

 

Share.

Leave A Reply