Британецот, Дан Еванс, направи голема сензација на тенискиот турнир во Монте Карло откако го елиминираше најдобриот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ. Србинот кој го загуби првиот меч во 2021 година вели дека не одиграл според планот.
„Еванс покажа квалитет во решавачките моменти и заслужено победи . Јас се чувствував ужасно на теренот“ – нагласи Ѓоковиќ.
„Тоа беше еден од моите најлоши мечеви во последниве неколку години колку што паметам“ – заврши српскиот тенисер.