Новак Ѓоковиќ е прв финалист на Австралија опен. Во полуфиналето утрово, тој го совлада Русинот Аслан Карацев во три сета 6:4, 6:3, 6:2.
Новак се пласираше во деветтото финале на Австралија опен, во кое ќе се обиде да стигне до деветтата титула, и 18-от грен слем пехар во кариерата.
Во финалето, за деветта титула во Мелбурн, Новак ќе игра против подобриот од дуелот во кој утре се среќаваат Данил Медведев и Стефанос Циципас.