Новак Ѓоковиќ рано утринава и покрај проблемот со повредата успеа да се пласира во 3. коло на УС Опен. Србинот славеше на пресметката со Аргентинецот Хуан Игнасио Лондеро со 3:0.
За два часа и 13 минути игра, Ѓоковиќ победи со 6:4, 7:6, 6:1 и со тоа ја оствари деветтата победа во низа на Отвореното првенство на САД.
На женскиот дел од УС Опен, рано утринава една од првите фаворитки, Американката Серена Вилијамс, во пресметката со својата сонародничка МекНали славеше во три сета со 2:1.