Ѓоковиќ елиминиран во осминафиналето на АО

0

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е елиминиран во осминафиналето на првиот годинешен Грен Слем турнир, Австралија Опен. Во денешниот дуел со 58. на АТП листата, Кореецот Чунг, Ѓоковиќ загуби во три сета со 7-6/7-5/7-6.

Второто изненадување денеска го приреди Американецот Сандгрен, кој успеа да го елиминира петтиот фаворит, Австриецот Тим во пет сета со 3:2. Пласман во четврфиналето без посебни проблеми обезбедија вториот светски рекет, Федерер, кој го совлада Фушович од Унгарија со 3:0, како и Томас Бердих кој беше подобар д Италијанецот Фоњини во три сета.

Кај дамите, првата фаворитка Симона Халеп со 2:0 (6-3/6-2) беше подобра од Јапонката Осака, додека победи обезбедија и Кербер и Кејс.

Share.

Leave A Reply