Ѓоковиќ го чека „вајлд-карта“ во Акапулко

0

Организаторите на тенискиот Мастерс турнир 500 во Акапулко објавиле дека ќе го чуваат последното место за Новак Ѓоковиќ, кој ја нема обелоденето програмата која ќе ја реализира во наредната година.

„Не сме ја коментирале ситуацијата со Новак, но ќе оставиме една „вајлд карта“ за него за секој случај. Тој не кажа ништо за неговата програма, па ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи. Тука во 2017 година помина многу добро и мислам дека сака да се врати. Целта ни е да привлечеме такви играчи, сега Рафаел Надал е број 1 и тој ќе дојде“ искоментирал директорот на турнирот, Раул Ситуруза.

„Кај жените има големи 50 процентни можност да ја видиме Гарбине Мугуруса. Добро што ќе учествува Венус Вилијамс“ – вели директорот на тенискиот турнир во Акапулко.

 

Share.

Leave A Reply