Ѓоковиќ и Халеп сигурни до осминафиналето

0

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ обезбеди место меѓу 16-те најдобри на Австралија Опен, откако денеска славеше над Денис Шапавалов во четири сета со 3:1.  Ноле играше без грешка во првите два сета кои ги реализираше со 6-3 и 6-4 за да во третиот младиот Канаѓанец да направи пресврт и од 4:1 за Србинот, да дојде до 6:4 за намаливање на 2.1 во сетови.

Ова како да го разбуди Новак кој во четвртиот сет дојде до преубедливи 6:0 за победа од 3:1.

Кај дамите, првиот светски рекет Симона Халеп со 6:2 и 6:3 ја совлада постарата од сестрите Вилијамс, Венус, и обезбеди осминафинале во кое ќе игра со помладата Серена во битка за место меѓу осумте најдобри на првиот годинешен Грен Слем турнир.

Share.

Leave A Reply