Ѓоковиќ и Надал по трет пат завршуваат како прв и втор на крај на годината

0

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе ја завршат 2020 година на првото и второто место на светската ранг-листа трета година по ред. Ова е петти пат овој пар да ги заземе првите две места на АТП ранг-листата.

Седум пати Федерер и Надал беа први и втори, а Ѓоковиќ и Федерер двапати. Ова значи дека Надал бил во друштво на двајца големи противници вкупно 12 финиши по сезона во топ 2 на светската ранг-листа.

Како што е познато, Ѓоковиќ го израмни рекордот на Пит Сампрас со неговиот шести финиш како број 1 на крајот на сезоната.

Share.

Leave A Reply