Ѓоковиќ им се заблагодари на фановите

0

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој во текот на Мундијалот во Русија отворено и даваше поддршка на хрватската фудбалска репрезентација, во последното интервју за „Блиц“, порача, дека народите на околните простори ги чувствува како негови.

„Знам каква е сегашната политичка ситуација и дека раните од војната се уште се свежи за многу луѓе. Се молам за секого на кој војната не му донесе ништо добро, но, спортот секогаш треба да биде над политиката, во тоа цврство верувам“ – потенцираше Ѓоковиќ.

„ Хрватите, Македонците и Босанците се наши први соседи и на нив гледам како на наши браќа. Можеби многумина ќе навредам со овие зборови, ги разбирам и ги почитувам, но, јас едноставно сум таков“ – потенцираше српскиот тенисер кој има голема армија на фанови токму на нашите простори.

Share.

Leave A Reply