Србинот, Новак Ѓоковиќ, ја предводи новата ранг листа на АТП пред најголемите конкуренти Рафаел Надал (Шпанија) и Роџер Федерер (Швајцарија).
Ѓоковиќ кој ја започнува 263 недела како лидер во светското рангирање, сега се наоѓа на петтото место на вечната листа. Пред него се Федерер со 310 недели, Пит Сампрас (286), Иван Лендл (270) и Џими Конорс со 268 недели.
Ѓоковиќ на лидерската позија има 12.415 бодови или дури 4.470 повеќе од Надал и 4.955 од Федерер. Во Топ 10 уште влегуваат и: Доминик Тим, Стефанос Циципас, Кеи Нишикори, Александар Зверев, Карен Хачанов, Данил Медведев и Кевин Андерсон.