Новак Ѓоковиќ ќе ја предводи тениската Дејвис Куп селекцијата на Србија на завршниот турнир кој ќе се реализира во Мадрид. Селекторот, Ненад Зимоњиќ, практично ќе го има најсилниот состав во кој ќе бидат вклучени и: Душан Лајовиќ, Филип Крајиновиќ, Виктор Троицки и Јанко Типсаревиќ.
Србија во групната фаза ќе игра со Франција и Јапонија а победникот ќе оди во четврт-финалето. Еве го изгледот на другите пет групи. Група „Б“ – Хрватска, Шпанија, Русија . Група „Ц“ – Аргентина, Германија, Чиле, Група „Д“ – Белгија, Австралија, Колумбија, Група „Е“ – Велика Британија, Казахстан, Холандија и Група Ф – САД , Италија, Канада.
Завршницата во Шпанија ќе се реализира од 18-24 ноември а титулата ќе ја брани Хрватска.