Ѓоковиќ ќе игра во Монте Карло

0

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ донел одлука да игра на силниот турнир во Монте Карло кој ќе започне на 14. април.

Поранешниот прв рекет на АТП листата иако доживеа дебакл на мастерсите во Индијан Велс и Мајами, не планира да направи пауза пред Гренс Слем собирите во Франција и Англија.

Ѓоковиќ призна дека ништо не му оди како што посакува и дека му е потребно малку одмор бидејќи сеуште не е опоравен максимално по повредата на раката.

 

Share.

Leave A Reply