Ѓоковиќ ќе почека со враќањето на терените

0

Поранешниот најдобар тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, нема да се појави на ревијалниот турнир во Абу Даби иако претходно и самиот најави дека сака да игра. Ѓоковиќ шест месеци ја санираше повредата на раката која очиглено сеуште го измачува.

„Многу сум разочаран што сум принуден да се повлечам од турнирот во Абу Даби. За жал повторно почувстував болки а лекарите ме советуваа да не ризикувам. Навистина сум тажен, со нетрпение чекав повторно да играм тенис“, изјави Ѓоковиќ.

Српскиот ас најверојатно ќе се појави на собирот во Доха а потоа и на првиот Грен слем во 2018 година на терените во Австралија.

Share.

Leave A Reply