Ѓоковиќ ќе заврши како број 1 и ќе израмни рекорд на Сампрас

0

Српската тениска sвезда Новак Ѓoковиќ ќе заврши како број 1 на крајот на оваа година на АТП ранг-листата, што ќе биде шести пат и со ова ќе го израмни достигнувањето на Пит Сампрас.

33-годишниот Ѓоковиќ ќе постави уште еден рекорд, ќе биде највозрасниот тенисер кој бил број 1 на АТП листата.

Ноле, кој завршува 6-ти пат прв на машката ранг-листа во последните години (исто така во 2011 2012, 2014, 2015 и 2018 година), ќе се изедначи со достигнувањето на американската легенда Пит Сампрас. Сампрас, кој беше идол на Ѓоковиќ како дете, го постигна овој резултат од 1993 до 1998 година.

По 16-ти пат во последните 17 години, број 1 на крајот на годината е еден од големите тројца во тенисот: Ѓоковиќ, Рафаел Надал (2008, 2010, 2013, 2017, 2019) или Рожер Федерер (2004, 2007, 2009). Другиот што се вмеша меѓу нив е Енди Мареј (Велика Британија), кој беше број 1 за 2016 година.

Пред да започне оваа ера, Енди Родик (САД) беше на врвот во 2003 година.

Share.

Leave A Reply