Ѓоковиќ лесно ја мина и втората пречка на Австралија Опен

0

Минатогодишниот шампион на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, лесно се квалификуваше во третото коло на турнирот, откако загуби само седум гејма во победата од 6-1, 6-4, 6-2 над јапонскиот тенисер, Ито.

Србинот загуби сет во првото коло против Јан-Ленард Штруф, но сега не дозволи такво нешто против 146. тенисер на АТП листата.

Следниот противник на Ѓоковиќ во обид да ја освои осмата титула на Австралија опен е уште еднен Јапонец. Јошихито Нишиока, кој забележа победа од 6:4, 6:3, 6:4 над Британецот Ден Еван ќе се обиде да му направи проблеми на светскиот рекет бр. 2.

Share.

Leave A Reply